Ферати им ги честита празниците на присутните и посебно им се заблагодари на ветераните на албанското образование, кои со години образувале и воспитувале генерации ученици. Тој им оддаде признание и за тоа што со својата работа овозможиле денес да се зборува за државата и нејзините институции, за Европската Унија и за интеграцијата.
За Ферати, празникот не е само потсетување на одлуката за единствена албанска азбука. Во неа тој гледа обид за обединување на Албанците преку јазикот, знаењето и културата. Како што потсети, луѓето што ја донеле таа одлука во Битола имале различно потекло, убедувања и ставови, но ги поврзувала грижата за иднината на албанскиот јазик и за генерациите што ќе го наследат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.