301 вести · 24 ч.
Берово 9°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Велешкиот протоѓакон Бобан Ѓорѓиевски стана свештеник

Извор на фотографијата: Повардарска епархија
Извор на фотографијата: Повардарска епархија
  • Ракополагањето се одржа во храмот „Св.
  • Со митрополитот Агатангел сослужуваа свештеници од велешкото архиерејско намесништво.

Повардарскиот митрополит Агатангел го ракоположи протоѓаконот Бобан Ѓорѓиевски од Велес за свештеник на празничната литургија во велешкиот храм „Св. Кирил и Методиј“.

Со литургијата по повод празникот на Соборот на свети Архангел Михаил и останатите небесни и бестелесни сили чиноначалствуваше митрополитот Агатангел. Со него сослужуваа свештеници од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.

Во обраќањето пред Божјиот престол, Агатангел го поучи новиот свештеник ревносно и совесно да ја чува и проповеда православната вера. Му порача со чисто срце и верност да ги љуби Господ Исус Христос, својата македонска црква и својот македонски народ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.