На осомничениот веќе му се суди по друго обвинение, за телесна повреда на неговата ќерка при семејно насилство под дејство на алкохол. Обвинителството укажува дека неговото насилничко однесување се повторува.
По пријавувањето на новиот настан итно била изготвена проценка на ризик. Таа укажува на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство, како и на ризик од повторување на насилството. Според проценката, постои оправдан страв дека осомничениот би можел да стори и потешко дело, односно да ја оствари заканата.
Поради овие околности, јавниот обвинител оценил дека целта на притворот не би можела да се постигне со друга, поблага мерка.
Постапката е поведена по кривична пријава од СВР Куманово за загрозување на сигурноста, според член 144 став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Веќе се преземаат дејствија за обезбедување докази, со примена на зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација во предметите поврзани со семејно насилство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.