Критиката се однесува и на инфраструктурата во Марвинци, Собри, Брајковци и Раброво. ЛДП тврди дека најголемиот дел од уличната мрежа во овие населени места бил изграден и реконструиран во претходниот мандат на локалната власт, а сегашното претставување на сработеното го оценува како политички маркетинг наместо понуда на вистински нови проекти.
Наспроти свеченото отворање на патот, партијата бара системски решенија за пласманот на земјоделските производи, функционални системи за наводнување и вистинска децентрализација. Според ЛДП Валандово, на жителите им се потребни реална поддршка за земјоделството, функционална инфраструктура и одговорно управување со јавните пари, а не скапи владини делегации.
ЛДП ја критикува и најавата за претворање на археолошкиот локалитет Исар Марвинци во туристичка атракција. Партијата обвинува за долгогодишна институционална негрижа, особено од централната власт, тврдејќи дека локалитетот бил оставен без заштита и станал мета на диви копачи и крадци на културно наследство.
Пред да се зборува за туризам, според ЛДП, потребни се сериозна заштита и конзервација на локалитетот, како и одговорност за досегашното пустошење.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.