Во македонската црковна делегација е и епископот хераклејски Климент. Нивната посета ќе трае до 24 ноември и се реализира со благослов на архиепископот охридски и македонски Стефан.
Програмата на престојот предвидува заедничко сослужување со патријархот Кирил и претставници на други помесни православни цркви во храмот „Христос Спасителот“. Македонските архијереи ќе имаат и прием во резиденцијалниот Свето-Данилов манастир, каде што ќе се сретнат со рускиот патријарх, како и посети на неколку московски светињи.
По повод роденденот, во Москва пристигнаа црковни делегации од повеќе земји, меѓу кои и претстојателот на Јапонската автономна православна црква. На литургијата присуствуваа ерусалимскиот патријарх Теофил III, антиохискиот патријарх Јован X, српскиот патријарх Порфириј и чешкиот и словачки митрополит Ростислав.
Меѓу присутните беа и грузискиот митрополит халцихски и Тао-Кларџетски Теодор, бугарскиот епископ велбуждски Исак и Михаил Тасков, како и албанскиот епископ амантиски Игнатиј.
На аеродромот „Шереметјево“, македонските архијереи ги пречекаа рускиот архиепископ пјатигорски и черкески Теофилакт и Сергеј Бекешченко, соработник на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.