Сали ја опиша средбата како исполнета со емоции, спомени и благодарност. За просветните работници рече дека зад себе имаат животна посветеност на знаењето и на наставата на албански јазик, на пат кој не бил секогаш лесен. Нагласи дека почитта кон нив е обврска, бидејќи зад образованите генерации стои истрајната работа на наставниците.
Повод за средбата беше претстојниот 22 ноември, датумот што се поврзува со обединувањето на албанската азбука на Конгресот во Битола во 1908 година. Таму албанските патриоти и интелектуалци се обединиле околу целта да се воспостави единствена азбука. Сали ја оцени таа одлука како една од најважните пресвртници во албанската национална историја и како темел за развојот на образованието на албански јазик и зачувувањето на националниот идентитет.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.