Повикот е наменет за ученици од прва, втора и трета година средно образование од Битола. Достапни се јавниот повик за ученици и формуларот за пријавување.
Пополнетите ученички пријави се испраќаат на електронската адреса на училиштето, drjkalauzibt@gmail.com, или се доставуваат во печатена форма во канцеларијата на директорот Горан Талевски во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, со порака „ЗА АКСЕС ПРОЕКТОТ“.
Покрај изучувањето англиски јазик, програмата е насочена кон развивање комуникациски, дигитални, лидерски и претприемачки вештини. Учениците ќе се запознаваат со американската култура и ќе учествуваат во едукативни, волонтерски и меѓукултурни активности.
Училиштето ќе ја спроведува меѓународната образовна програма „English Access Microscholarship Program“ во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Општина Битола. Програмата е финансирана од Стејт департментот на САД, преку Амбасадата на САД во Скопје.
Отворен е и посебен повик за двајца наставници по англиски јазик, кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на програмата. Кандидатите треба да имаат најмалку три години работно искуство во настава, а рокот за пријавување е 24 ноември 2026 година. Достапни се јавниот повик за наставници и формуларот за наставници.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.