Во активностите учествуваа ученици од одделенска настава од подрачните училишта на „Орце Николов“ од Ињево, Радовиш, заедно со нивната наставничка по англиски јазик Ратце Ристова.
Децата држеа голем жолт постер украсен со насмеани лица и отпечатоци од дланки во различни бои. Во средината беше испишана пораката на англиски „Small hands change the world“, односно дека малите раце го менуваат светот, а покрај дел од отпечатоците беа напишани имиња.
Од училиштето порачаа дека секое дете заслужува услови за растење во кои ќе може да ги остварува своите желби и соништа. Детската искреност, според училиштето, ги потсетува возрасните на нивната одговорност да создаваат свет исполнет со љубов, радост и среќа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.