Учениците разговараа за тоа што претставува булингот, односно врсничкото насилство, кои се неговите форми и какви последици може да остави врз децата. Посебно внимание беше посветено на развивањето емпатија, меѓусебно почитување и солидарност, како и на охрабрувањето да се реагира навреме кога ќе се појави насилство.
Разговорот за насилството беше дел од пошироката тема за основните детски права, нивното значење, почитување и заштита, но и за одговорностите што произлегуваат од нив. Работилницата вклучуваше интерактивни активности, разговори и примери. Ученици работеа заедно околу маса и пишуваа со маркери на голем лист хартија.
Целта на работилниците е да се подигне свеста за детските права и да се поттикне создавање безбедна средина што им дава поддршка на децата. Воедно, тие се насочени кон охрабрување на децата да градат односи засновани на почитување, прифаќање и ненасилна комуникација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.