Постерот „THE WALL OF CHILDREN'S RIGHTS“ беше заеднички симбол на работилницата. Секоја ученичка порака започнуваше со зборовите „EVERY CHILD DESERVES…“, по кои учениците ја дополнуваа мислата за тоа што заслужува секое дете.
Учениците работеа во групи: истражуваа различни детски права, разговараа за нивното значење, изработуваа креативни пораки и ги презентираа своите идеи на англиски јазик. Темите ги опфатија правото на образование, здравствена заштита, игра и одмор, семејна грижа, заштита, еднаквост и слободно изразување на мислењето.
Работилницата се одржа под мотото „EVERY CHILD MATTERS – 32 Voices, 8 Rights, One Message“, кое ја носи пораката дека секое дете е важно, преку 32 гласа, осум права и една порака. Акцентот беше на тимската работа, комуникацијата и креативноста, како и на поттикнувањето свест дека секое дете има право да биде почитувано, заштитено и слушнато.
Активностите им дадоа можност на учениците практично да го применат знаењето по англиски јазик. Едукативната цел беше и да се поттикне секојдневно почитување и поддржување на детските права како вредности, а не само како зборови.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.