Магистрите по фармација Александра Јаневска и Верица Ристовска ја приближија својата професија преку презентација, разговор и детски прашања. Со децата разговараа за тоа како се разболува телото, кој ни помага да оздравиме и како и зошто се употребуваат лековите.
Посебно внимание беше посветено на разликата меѓу лековите и слатките бомбони, со порака дека децата треба да земаат лекови само со дозвола на возрасните, никогаш самостојно. Дружењето беше можност родителките да го споделат своето професионално знаење со децата.
Едукативните материјали „Малите фармацевти – Паметно со лековите!“ и „Лековите не се играчки!“ ги дополнуваат овие пораки со конкретни правила: лековите се земаат со помош на возрасен, само во дозата што ја кажал лекар или фармацевт и не се споделуваат со други.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.