Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Родителите на загинатите деца: Кочани нека биде украсен и нека има празнични прослави

Извор на фотографијата: Општина Кочани
Извор на фотографијата: Општина Кочани
  • Родителите порачаа Кочани да има украси, музика и празнични прослави.
  • Нивната болка, велат, не треба да ги лиши младите од радост.
  • Грозданов побара одбележување со почит кон болката на семејствата.

Родителите на трагично загинатите деца од Здружението „16 март - Кочани“ порачаа дека градот треба да биде украсен и да има новогодишни и божиќни прослави како во годините пред трагедијата. По денешната средба со градоначалникот Владко Грозданов, тие нагласија дека нивната болка не треба да биде причина децата и младите да бидат лишени од празничната радост.

Нивниот став е во Кочани да има музика, радост и празнична атмосфера. Родителите објаснија дека за нив празниците никогаш повеќе нема да бидат исти и дека на нивните трпези засекогаш ќе недостигаат нивните деца, но не сакаат целиот град да живее во тага, особено младите генерации.

„Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, туку град во кој никогаш повеќе нема да згасне млад живот“, порачаа родителите по средбата.

На разговорот за организирањето на претстојните празници, Грозданов побара да го слушне мислењето на родителите. Тој рече дека целта е да се усогласат ставовите за достоинствено одбележување, со почит кон болката на семејствата, но и со внимание кон потребите и чувствата на сите граѓани.

Според Грозданов, празничната радост не треба да ја негира тагата, туку да биде порака дека животот продолжува и дека граѓаните се заедно. Тој изрази желба Кочани да остане град на животот, надежта и човечноста.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.