Климите се поставуваат во основните училишта „Драга Стојановска“ и „Дитурија“, како и во градинките „Виножито“ и „Сонце“.
Покрај внесувањето свеж воздух, уредите имаат детекција на јаглерод диоксид („CO₂“), ХЕПА-филтрација и ултравиолетова (УВ) ламба. Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, очекува тие да придонесат за подобар квалитет на воздухот и поздрава средина за децата.
Мицевски ја посочи донацијата како поддршка за подобрување на условите во образовните установи и нагласи дека децата и образованието се приоритет, а подобрувањето на условите во училиштата и градинките е обврска на општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.