Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Автомобил удри во кумановец кој запрел поради дефект кај Романовце, тешко е повреден

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
  • Тешко е повреден 61-годишен кумановец кој запрел автомобил поради дефект.
  • Повреден е и возачот на „цитроенот“ што удрил во него.

Шеесет и едногодишен кумановец е тешко повреден откако во него удрил автомобил вчера околу 10:15 часот на автопатот Скопје-Куманово, во атарот на селото Романовце, кумановско. Тој претходно го запрел своето возило поради дефект.

„Цитроен“, управуван од П.Т. (44) од Куманово, удрил во Н.М. (61), а потоа во неговиот запрен „фолксваген пасат“. Двете возила имале кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата телесни повреди добил и возачот на „цитроенот“. Повредите на двајцата биле констатирани во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа на СВР Куманово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.