Со скопската подружница ќе раководи Ирена Вујчиќ. Здружението има седиште во Радовиш, а негов претседател е Мите Митев. Со години работи на поддршка, помош и активно вклучување на лицата со посебни потреби и со различни видови попреченост.
На одбележувањето, членовите на здруженијата се претставија со музички, фолклорни и сценски настапи, како и со ликовна изложба. Присуствуваа граѓани, гости и поддржувачи, а поддршка дадоа и бројни организации на лица со попреченост, меѓу кои и здруженија што дејствуваат во Кисела Вода.
Присутните ги поздрави градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која го оцени отворањето како значаен чекор кон поинклузивно општество. Таа рече дека општината континуирано ги поддржува здруженијата и дека преку проекти, пристапност и соработка се стреми кон средина во која секој граѓанин ќе биде еднакво вклучен.
Стаменкоска Трајкоска изрази задоволство од присуството на организациите, особено оние од Кисела Вода, и ги посочи настапите на младите како пример за талент и креативност што не познаваат граници. Организаторот ѝ врачи благодарница за поддршката.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.