Активностите ги опфатија придобивките од здравиот појадок, значењето на медот и пчелните производи и потребата од заштита на пчелите. Дел од темите беше и важноста на домашното производство.
Настанот го организираше Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ООУ „Аврам Писевски“. На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.
Лукровски рече дека Општина Карпош ги поддржува ваквите едукативни иницијативи, оценувајќи дека тие кај децата развиваат здрави навики, еколошка свест и почит кон природата. Тој ја нагласи и важноста на пчеларството за зачувување на биолошката разновидност и одржување на природната рамнотежа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.