363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Струмички ученици читаа за децата од улица во „Заборавениот колосек“

Фотографија од настанот · Библиотека Благој Јанков Мучето
Фотографија од настанот · Библиотека Благој Јанков Мучето
  • Учениците читаа извадоци од „Заборавениот колосек“ од Глигор Поповски.
  • Средбата ги поврза книжевноста и граѓанското образование преку темата за маргинализираните млади.

Ученици од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица вчера во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ читаа извадоци од романот „Заборавениот колосек“ од Глигор Поповски, кој ги обработува темите за децата од улица и маргинализираните млади.

Средбата беше посветена на поврзувањето на книжевноста со граѓанското образование. Читањето беше замислено како вовед во отворен разговор за предизвиците со кои се соочуваат младите, нивното прифаќање и положбата во заедницата.

Во посетата учествуваа ученици од шесто, осмо и деветто одделение кои го изучуваат предметот Граѓанско образование. Читаа под водство на професорките Трајанка Колева и Надица Митевска Ангелова.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.