363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Прилепски четвртоодделенци го прашуваа градоначалникот како функционира градот

Фотографија од настанот · Дејан Проданоски
Фотографија од настанот · Дејан Проданоски
  • Четвртоодделенци од пет прилепски училишта разговараа со градоначалникот Проданоски.
  • Учениците поставуваа прашања за функционирањето на градот и општинските одлуки.

Ученици од четврто одделение од пет основни училишта денеска во Општина Прилеп разговараа со градоначалникот Дејан Проданоски за работата на локалната самоуправа и за одлуките што се носат за потребите на граѓаните. Тие ги споделија своите размислувања и поставуваа прашања, на кои градоначалникот одговараше.

На средбата дојдоа четвртоодделенци од училиштата „Кире Гаврилоски – Јане“, „Климент Охридски“, „Рампо Левката“, „Блаже Конески“ и „Кочо Рацин“. Низ непосредниот разговор имаа можност да се запознаат со надлежностите на градоначалникот, функционирањето на Општината и начинот на донесување одлуки што влијаат врз развојот на градот.

Проданоски рече дека го радуваат љубопитноста, искреноста и интересот на учениците за овие прашања. Според него, разговорот и запознавањето со институциите одблизу му даваат поинаква вредност на учењето, а децата треба од најрана возраст да се поттикнуваат да размислуваат и да бидат активни во средината во која живеат.

Тој им се заблагодари на наставниците за трудот да им овозможат на учениците интерактивно искуство во совладувањето на наставната програма.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.