Обуката е дел од втората фаза на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, по завршувањето на првиот дел. Учениците ги разработуваа и визуелно ги претставуваа предлозите, изработуваа мапи и ги дефинираа конкретните чекори потребни за спроведување на идеите.
Општина Ѓорче Петров е партнер на младите и во оваа фаза. Подготвените презентации ќе бидат претставени пред тричлена жири-комисија од претставници на Општината, која ќе ги разгледа и оцени предлог-проектите. За трите избрани проекти, на форумот ќе продолжи работата на нивното унапредување и барањето можности за реализација.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оцени дека младите најдобро ги препознаваат предизвиците во средината во која живеат и дека нивните идеи можат да поттикнат позитивни промени. Според него, важно е тие да имаат можност не само да ги искажат ставовите, туку и активно да учествуваат во создавањето решенија за заедницата.
Стојкоски им се заблагодари на Институтот Охрид и на проектните партнери за соработката во создавањето можности за активно младинско учество.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.