Другите два предизвика, според Шасивари, се општествените ставови што сѐ уште толерираат насилство врз децата и недоволната координација меѓу институциите. Тој оцени дека само донесувањето закони не е доволно за да се обезбеди заштита.
Во делот на законската рамка, министерот го нагласи значењето на Законот за правда за децата од 2024 година и ги претстави заложбите за унапредување на Кривичниот законик. Според него, законските решенија треба да обезбедат заштита во практиката: секое дете да може да пријави насилство без страв и навремено да добие соодветна институционална поддршка.
За таква заштита, Шасивари ја нагласи потребата од посилна заштита во дигиталниот простор, специјализирани стручни кадри и правда приспособена на потребите на децата. Како неопходна ја посочи и ефикасната соработка меѓу образовните, здравствените, полициските, социјалните и правосудните институции.
Шасивари ги претстави искуствата и приоритетите на Македонија на панелот „Европа: заеднички предизвици, заеднички решенија“, дел од Втората глобална министерска конференција за елиминирање на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини. Тој посочи дека справувањето со насилството бара координирано дејствување, размена на искуства и конкретни решенија и на национално и на меѓународно ниво.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.