Пакетот заложби опфаќа и зајакнување на правната заштита на децата од физичко и дигитално насилство. Се планираат специјализирани услуги за децата жртви на насилство, како и мерки за спречување на насилството во училиштата.
Во сите центри за социјална работа се предвидува ставање во функција на меѓусекторски тимови. Шасивари најави и воспоставување единствен систем на податоци и поефикасни механизми за заштита на децата што се во контакт со правосудниот систем.
Министерот, кој настапи во име на Владата, порача дека одговорноста не завршува со претставувањето на меѓународната конференција, туку заложбите треба да се преточат во подобри закони, поефикасни институции и вистинска заштита за секое дете. Заштитата на децата ја опиша како законска, но и морална и државна одговорност, нагласувајќи дека ниту едно дете не смее да остане незаштитено.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.