Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Трајковски: Битола реализирала само 36% од планираните капитални расходи

Гледај на Facebook

Општина Битола реализирала 357 од планираните 988 милиони денари капитални расходи, односно само 36%, тврди Гаврил Трајковски, советник од Левица во општинскиот Совет. Тој обвинува дека клучните проекти остануваат на хартија, додека финансиските средства се префрлаат за во иднина.

Трајковски посочува и речиси 97 милиони денари за, како што ги нарекува, „несакани обврски“, сума која, според него, постојано расте. Тој оценува дека општината се соочува со сериозен застој и длабока зависност од централната власт.

Како примери за нереализирани проекти, советникот наведува дека јавниот градски превоз сѐ уште не е започнат и дека нема видлив напредок за гондолата, Копанки, атлетската патека и катната гаража. Мултифункционалниот комплекс, според него, останува неостварено ветување од минатиот мандат.

Трајковски го поставува и прашањето каде завршиле средствата од унгарскиот кредит и зошто општината не напредува со проектите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.