Најважно
354 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Стојаноски: Просечната старосна пензија порасна за 6.805 денари со ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 540 со СДСМ и ДУИ

Гледај на Facebook

Просечната старосна пензија се зголемила за 6.805 денари за две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти зголемувањето од 540 денари за две години власт на СДСМ и ДУИ, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој ги спореди и зголемувањата на просечната нето исплатена плата и на минималната плата во двата периода.

Кај просечната нето исплатена плата, Стојаноски наведе раст од 7.538 денари во двегодишниот период на власта на ВМРО-ДПМНЕ. За две години власт на СДСМ и ДУИ, според неговата споредба, зголемувањето изнесувало 2.397 денари.

За минималната плата, пак, тој посочи зголемување од 3.479 денари за две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 2.427 денари за две години власт на СДСМ и ДУИ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.