Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Јанев и британските претставници подготвени за заеднички полициски активности

Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
  • Јанев и британските претставници изразија подготвеност за заеднички полициски активности.
  • Работните состаноци во МВР се насочени кон координација и утврдување приоритети.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на британската Меѓународна служба за полициска помош (ИПАС) денеска изразија подготвеност за продлабочување на соработката, со акцент на конкретни заеднички активности во безбедноста и полициското работење.

За таа цел веќе се одржани повеќе работни состаноци со претставници на надлежните организациски единици во Министерството за внатрешни работи. Целта е да се подобри меѓусебната координација, да се утврдат приоритетите и да се реализираат заеднички активности.

На денешната средба двете страни изразија задоволство од досегашната соработка меѓу двете држави, оценувајќи ја како успешна.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.