Најважно
354 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Нотарската комора и скопска Апелација разговараа за постапувањето по приговори на нотарски платни налози

Извор на фотографијата: Нотарска комора на Р.С.М.
Извор на фотографијата: Нотарска комора на Р.С.М.
  • Се разговараше за предметите со приговор на нотарски платен налог.
  • Теми беа и доставата на решенијата и информирањето на нотарите.
  • Беа разгледани можностите за континуирана комуникација меѓу Комората и Судот.

Постапувањето по предметите во кои е поднесен приговор на нотарски платен налог беше во фокусот на вчерашната средба меѓу Нотарската комора и Апелациониот суд Скопје.

Се разговараше за доставата на решенијата и за информирањето на нотарите за текот на решавањето на предметите. Беа разгледани и можностите за континуирана комуникација меѓу Комората и Судот.

На средбата во просториите на Апелациониот суд Скопје, претседателката на Нотарската комора Цеца Малева Стоев разговараше со в.д. претседателот на судот Зоран Герасимовски и со судии од овој суд.

Целта на средбата беше унапредување на соработката меѓу нотаријатот и судството и размена на мислења за заеднички прашања, особено за постапките во кои се поврзани нивните надлежности. Двете страни изразија подготвеност за долгорочна соработка, со цел поголема правна сигурност, поефикасно постапување и зајакнување на довербата на граѓаните во правниот систем.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.