Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Фон дер Лајен ја истакна потребата од деблокада и дијалог за спорот со Бугарија

Извор на фотографијата: Претседател на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Претседател на Република Северна Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на земјава, соопшти претседателскиот кабинет.

Фон дер Лајен ја истакнала неопходноста од деблокада на напредувањето на Северна Македонија кон ЕУ и изразила уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине со интензивни и сестрани средби и дијалог во духот на европските вредности. Според неа, тие треба да почнат што поскоро.

Таа оценила дека местото на Северна Македонија е во Унијата, која ќе продолжи сестрано да ја поддржува земјата на реформскиот и евроинтеграцискиот пат. Досегашните реформи ги оценила како импресивни.

Сиљановска-Давкова изразила благодарност за растечкиот интерес и посветеност на ЕУ кон регионот, издвојувајќи го придонесот на Фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси. Таа смета дека Северна Македонија, иако формално не е меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, заслужува да биде со нив поради техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика.

Причината за отсуството на земјата од групата на најуспешните, според Сиљановска-Давкова, е давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред копенхашките критериуми. Таа изразила уверување дека гарантирањето исти можности како за Украина и Молдавија ќе ја зајакне институционалната подготвеност, ќе ги обнови довербата и мотивацијата за европеизација и ќе го забрза реформскиот курс.

Сиљановска-Давкова потсетила и на потребата да се одржи политичка Меѓувладина конференција согласно новата методологија и Преговарачката рамка, како и редовен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Таа ја нагласила важноста од витален интеграциски процес што ќе донесе видливи резултати за македонските граѓани.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.