Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Новото раководство на УМС Велес ја одржа првата конститутивна седница

Гледај на Facebook
  • На седницата присуствуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Здравковски рече дека најголемиот дел од велешкиот комитет произлегува од УМС.

Новото раководство на УМС Велес вчера ја одржа првата конститутивна седница, во присуство на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Игор Здравковски, кој е и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, рече дека најголемиот дел од комитетот го сочинуваат луѓе од неговата генерација, произлезени од УМС. Со нив, како што посочи, поминале и убави и тешки моменти, но не се откажале.

Здравковски порача дека силната младина е основа за силно лидерство и иднина. Како непроменет мотив го наведе стремежот кон силна, праведна и здрава држава, која ќе обезбеди подобри услови за младите и ќе ги мотивира идните генерации да работат за доброто на татковината.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.