Под наслов „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“, разговорите ги опфатија секојдневната посветеност и емпатијата кон животните, микрочипирањето и редовната ветеринарна грижа. „Лајка“ ја претстави стерилизацијата како клучен чекор за хуман третман и намалување на бројот на бездомни кучиња на улиците.
Интерактивните предавања и отворените дискусии се одржаа два последователни дена, со ученици од седмо, осмо и деветто одделение. Учествуваа вкупно пет одделенија, а од „Лајка“ ги пофалија љубопитноста и зрелите прашања на учениците и им се заблагодарија на раководството и наставниците за приемот.
Преку овој циклус, „Лајка“ сака да ја развива свеста кај младите дека љубовта кон животните подразбира одговорност. За претпријатието, едукацијата е начин да се влијае врз човечкиот однос кон животните, наместо да се решаваат само последиците од бездомништвото на улиците. Едукативниот циклус ќе продолжи и во други скопски училишта.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.