Работилницата се одржа на 16 ноември, како дел од активностите на Еко клубот, под мотото „Поправи наместо да фрлиш!“. Преку практична работа, учениците од битолското економско училиште имаа можност да учат нови вештини и да разменуваат идеи за тоа како малите поправки и преработките можат да придонесат за намалување на отпадот.
Активноста е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“. Проектот е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат „People in Need“, „LEAD“ – „Leaders for Education“, „Activism and Development“, Арно и Ековита.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.