Одбележувањето започнало со презентација за историјата и основањето на празникот, неговото значење и начинот на кој се одбележува низ светот.
Потоа учениците, под менторство на наставниците, приредиле концерт. Присуствувале ученици, наставници и родители, кои со внимание и аплаузи ги поддржале младите музичари.
Учениците размислувале за значењето на музиката во секојдневието, нејзината моќ да ги изразува емоциите и да поттикнува креативност, како и за поврзувањето на луѓето без оглед на јазикот и културните разлики.
Според училиштето, настанот се одржал во свечена и пријатна атмосфера и ја истакнал улогата на музиката во збогатувањето на училишниот живот и поврзувањето на учениците, наставниците и родителите.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.