Стефковски се запозна и со капацитетите и визијата на технолошкиот парк. Тој оцени дека напредните технологии и домашните иновации што се развиваат во Гази Баба имаат потенцијал да придонесат за развојот и безбедноста на Македонија.
На средбата се разговараше за значењето на македонските технолошки решенија и за поврзувањето на државата, науката, образованието и приватниот сектор. Според Стефковски, таквата соработка отвора простор за нови знаења и можности, како и за посилен и побезбеден систем.
Амбицијата на луѓето што ги развиваат овие решенија да создаваат дома и да се натпреваруваат со светот, Стефковски ја оцени како порака до младите дека нивните идеи имаат вредност и дека нивниот талент заслужува можност. Како своја визија ја посочи Гази Баба како општина во која младите ќе гледаат простор за иднината, а иноваторите ќе наоѓаат поддршка за своите идеи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.