391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Пуштени бушотини за свежа вода во езерото Младост

Фотографија објавена на јавниот профил на Даниел Јаневски — Велес
Фотографија објавена на јавниот профил на Даниел Јаневски — Велес

ЈПВ „Лисиче“ пушти во употреба бушотини за дотур на свежа вода во езерото Младост кај Велес. Тие треба да бидат привремено решение за снабдувањето на езерото со свежа вода.

Бушотините се пуштени откако Отовичка и Рудничка Река пресушуваат неколку години по ред. Целта на мерката е да се подобри квалитетот на водата во езерото.

Привременото решение треба да се користи до реализацијата на проектот „Поврзување на езеро Младост со браната Лисиче“. Проектот предвидува поврзување преку цевковод, со кој треба трајно да се реши проблемот со дотур на свежа вода во езерото.

Пратеникот Игор Здравковски вели дека Владата донела одлука да продолжи со изведбата на цевководот од Лисиче до Младост, откако проектот бил запрен неколку години. Тој објаснува дека бушотините се избрани како привремено решение поради административните процедури и дозволите потребни за проектот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.