391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Битолски медицински ученици работеа на емпатија и активно слушање за идните професии

Фотографија од настанот · ОСМУ Д-р Јован Калаузи — Битола
Фотографија од настанот · ОСМУ Д-р Јован Калаузи — Битола
  • Учениците работеа на говорни вештини преку емпатија и активно слушање.
  • Работилницата ја водеше Ема Демаранвил, волонтерка на Мировниот корпус.

Ученици од четврта година од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола работеа на своите говорни вештини преку активности за емпатија и активно слушање, поврзувајќи ги со идните професии. Интерактивната работилница се одржа на 16 ноември во Американското катче во Битола.

Преку активности и дискусии, учениците се фокусираа на грижа, нега и свесност, како и на разбирањето на другите. Целта беше да развиваат емпатија и да користат алатки за градење здрави односи во својата заедница и за давање поддршка. Меѓу темите беше и поставувањето граници во односите со другите.

Работилницата ја водеше Ема Демаранвил, волонтерка на Мировниот корпус, а учениците ги водеше професорката Славка Каркамишевска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.