Мицкоски наведува дека Македонија сака да биде членка на ЕУ и работи на исполнување на реформските обврски. Тој очекува фер и предвидлив процес, заснован на јасни правила, во кој исполнувањето на обврските ќе донесе конкретен напредок и нема да остава простор за нови билатерални условувања.
Според објавата, на средбата разговарале и за односите со источниот сосед и за потребата ЕУ да биде поактивно вклучена во создавањето услови за одржливо европско решение, засновано на дијалог, заемно почитување и јасни обврски за сите страни.
Мицкоски наведува дека реформите продолжуваат во владеењето на правото, јавната администрација, економијата, дигитализацијата и образованието. Како придобивки што граѓаните треба да ги почувствуваат пред формалното членство ги посочува повеќето инвестиции, подобрата инфраструктура, пристапот до европскиот пазар и новите можности за младите.
Тој наведува дека Македонија сака процесот да напредува, да носи конкретни резултати и да ја врати довербата на граѓаните во европската перспектива. Мицкоски верува дека поголема вклученост, отворен дијалог и јасна политичка волја можат да овозможат исчекор на европскиот пат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.