Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Организаторите на „СТОП за сиромаштија“: 30 проценти од младите под 18 години се соочуваат со сиромаштија

Извор на фотографијата: Поттик — веб — Валандово
Извор на фотографијата: Поттик — веб — Валандово
  • Организаторите побараа долгорочни мерки во образованието, социјалната заштита и поддршката на семејствата.
  • Дискусијата го отвори и прашањето за граѓаните кои работат, но тешко обезбедуваат достоинствен живот.
  • Во дискусијата учествуваа Владимир Лазовски, Иван Пешевски, Виктор Митевски, Ема Мицевска и Билјана Дуковска.

Триесет проценти од младите под 18 години се соочуваат со сиромаштија, посочија Фондацијата „Фридрих Еберт“ - Канцеларија Скопје и Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) на денешната јавна дискусија „Повик за акција - СТОП за сиромаштија!“ во Скопје. Организаторите побараа долгорочни мерки во образованието, социјалната заштита и поддршката на семејствата.

Младинската сиромаштија беше разгледана заедно со проблемите со домувањето и пренесувањето на сиромаштијата од една генерација на друга. Во Центарот за социјални претпријатија разговараа претставници на граѓанскиот сектор, синдикатите, младинските организации и други чинители што работат на социјалната заштита и човековите права.

Дискусијата го отвори и прашањето за граѓаните кои работат, но тешко обезбедуваат достоинствен живот. Во фокусот беа ниските плати, растечките трошоци за живот, работничките права и сѐ потешката достапност на основните услуги. Од дискусијата беше упатена порака дека вработувањето не смее да значи само преживување и дека достоинствениот живот треба да биде мерило за успешноста на јавните политики, наместо борбата против сиромаштијата да остане декларативна заложба.

Организаторите побараа нова, сеопфатна стратешка рамка што ќе ги поврзе институциите, експертите, граѓанските организации и луѓето кои непосредно се соочуваат со сиромаштија. Според нив, потребни се координирани политики, достапни јавни услуги и конкретни мерки со резултати во секојдневниот живот.

Во тој контекст се разговараше за претстојната стратегија на Европската Унија за борба против сиромаштијата и за можностите европските политики да придонесат за подобри решенија во Македонија.

Во дискусијата учествуваа Владимир Лазовски, Иван Пешевски, Виктор Митевски, Ема Мицевска и Билјана Дуковска. Темите ги опфатија економијата на грижа, работничките права, животниот стандард, младинските политики и европските пристапи за намалување на сиромаштијата. Настанот го отвори Марко Михаилоски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.