На средбата било разговарано за зголемување на трговската размена и привлекување канадски инвестиции во земјата. Инвестицијата на „Магна“ била истакната како позитивен пример, а соговорниците ја разгледале и можноста за организирање бизнис-форум. Неговата цел би била воспоставување нови деловни партнерства и претставување на инвестициските можности.
Палашевски и Олифант разговарале и за зајакнување на односите меѓу двете земји преку поинтензивен политички дијалог и размена на посети на високо ниво. Разгледале можности за проширување на соработката во области од заемен интерес и за унапредување на билатералната договорна рамка, вклучително и преку иницирање нови договори.
Новите договори биле посочени како основа за поблиско институционално поврзување и спроведување конкретни заеднички иницијативи. Соговорниците размениле мислења и за глобалните безбедносни предизвици, нагласувајќи ја важноста на сојузничката соработка за безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.