На средбата, одржана на маргините на Виенската конференција за миграција, македонските претставници ги презентираа тековните национални активности и стратешките приоритети за управување со миграцијата. Посебно внимание беше посветено на Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција за периодот од 2026 до 2030 година, како и на Националната стратегија за соработка со дијаспората за периодот од 2025 до 2030 година.
Димитровски и Петрушевски ги претставија и актуелните предизвици со миграциските текови, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе. Тие изразија интерес за продлабочување на соработката со Центарот, особено за спроведување на стратешките приоритети и зајакнување на капацитетите на институциите.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја потврди определбата на Македонија за активно учество во регионалните и европските иницијативи за управување со миграцијата и за зајакнување на партнерствата со релевантните меѓународни организации, со цел да придонесе кон безбеден, координиран и хуман европски миграциски систем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.