Николовски учествуваше на вчерашната тематска дебата за извештаите на Европската комисија за борбата против корупцијата и владеењето на правото. Тој посочи дека последниот напредок бил забележан пред четири години, во 2022 година, кога, според неговото излагање, Комисијата констатирала дека антикорупцискиот план „Акција 21“ се спроведува според планираното.
За претходната, 2021 година, Николовски наведе дека ЕК забележала напредок и ја посочила улогата на вицепремиерскиот кабинет, за кој рече дека го воспоставиле за координирање на антикорупциските политики и институции.
Според Николовски, Комисијата тогаш оценила дека државата покажала посветеност кон клучните реформи, меѓу другото и преку „Акција 21“. Планот опфаќал мерки за дигитализација, за истражните центри и за измени на законите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.