Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Мицкоски: Ќе сториме сѐ напаѓачот на девојката во Охрид да биде изведен пред правдата

Гледај на Facebook

Премиерот Христијан Мицкоски вчера вети дека институциите и тој како претседател на Владата ќе сторат сѐ за лицето што ја нападнало младата девојка во Охрид да биде изведено пред правдата.

Мицкоски изрази жалење поради претепувањето и остро го осуди насилството, нарекувајќи го дивјаштво. Упати и поддршка до семејството на девојката, нагласувајќи дека се обраќа и како родител.

Тој рече дека веста ги потресла охриѓани и граѓаните на Македонија. За нападот дознал додека бил во Брисел, Белгија, каде што имал состаноци посветени на Македонија. Неговото обраќање првично требало да биде за содржината на тие состаноци, но по добиената вест зборуваше за нападот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.