Покрај влијанието на миграцијата врз пазарот на трудот, Димитровски се заложи за натамошно усогласување и унапредување на визните политики со Европската Унија, вклучително и во однос на Шенгенскиот режим. Повика и на унифицирана и координирана примена на новиот Систем за влез/излез („EES“) од сите држави, со цел усогласен пристап и поефикасно управување со миграцијата.
Според него, интеграцијата на земјите кандидати од Западен Балкан во ЕУ би овозможила нивно посуштинско вклучување во креирањето и спроведувањето на заедничката европска миграциска политика.
Димитровски побара и посилна соработка во справувањето со криумчарењето мигранти, нагласувајќи дека државите не можат самостојно да одговорат на миграциските предизвици. Географските разлики, според него, треба да поттикнуваат соработка и партнерства, наместо поделби, а ефективните и одржливи решенија да се засноваат на солидарност, заедничка одговорност и почитување на меѓународното право и човековите права.
За географската положба на Македонија и нејзината улога во регионалните и пошироките миграциски процеси тој зборуваше на панелот на високо ниво „Од Атлантикот до Кавказот: Како географијата ги обликува приоритетите во однос на миграцијата“. Конференцијата ја организира Меѓународниот центар за развој на миграциски политики („ICMPD“), а се одржува во Виена од вчера до денес.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.