Стефковски повика на отворен разговор со секој човек. Членството го опиша како врска со секое маало, улица и семејство, а неговата посветеност како обврска за чесна работа и резултати што граѓаните ќе ги чувствуваат во секојдневниот живот.
Според него, силата на партијата е во членовите што одвојуваат време, активистите на терен и граѓаните што ѝ даваат доверба и очекуваат исполнување на дадениот збор. Порача дека довербата треба да се заслужува секојдневно, преку исполнети ветувања, решени проблеми и помош за граѓаните.
На состанокот гостуваше Владо Мисајловски. Тој и Стефковски се членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
На состанокот се разговараше за досегашните активности, постигнатите резултати и следните чекори за организациско зајакнување на комитетот. Зоран Коцевски посочи дека по ажурирањето на членството е зголемен бројот на членови, што заедно со секојдневната работа на терен го оцени како потврда дека комитетот се движи во вистинската насока.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.