Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствувала на почетокот на практичната фаза. Претходно бил потпишан трипартитен меморандум за соработка меѓу Општината, училиштето и Обединета Македонска Дијаспора, Подружница Македонија, а биле реализирани и обуки за наставниците.
Стручни експерти почнуваат континуирана работа со учениците. Проектот предвидува едукација за навремено препознавање ризични ситуации, правилно реагирање и поддршка меѓу врсниците, со цел создавање пријателска училишна атмосфера.
На настанот поддршка дале глобалниот генерален секретар на „Star for Life“, Џесика Грундстром Алдин, донаторите Антонијо и Пирко Трпевски, претставници на тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“ и претставници на ОМД.
Во својата изјава, Стаменкоска Трајкоска рече дека целта е децата да се чувствуваат безбедно, прифатено и заштитено, и дека преку проектот ќе учат како да си бидат поддршка едни на други. Таа му се заблагодари на шведскиот амбасадор Ола Сулстром, кого го посочи како поддржувач на проектот, како и на донаторите и партнерските тимови. Општината наведува дека останува посветена на здрава, безбедна и стимулативна средина за секое дете.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.