Работите ги опфатија скалите пред просториите 1, 2, 3 и 4, надворешниот југозападен ѕид на палатата и два ѕида во просторијата 16. Конзерваторите интервенираа и на ѕидовите што палатата ги дели со соседната Куќа на Партениј.
Зафатите опфатија и половина од круништето, односно горниот дел на северозападниот периметрален ѕид на палатата. Во просториите 17, 18 и 19 беа конзервирани неколку помали ѕидови и платформи.
Конзервацијата ја изведе меѓународна екипа со експерти од Македонија, Бугарија, Грција и Англија. Проектот го спроведува НУ Стоби во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Бугарија, а во изведбата учествуваше и „Skillington Workshop“ од Англија. Финансиската поддршка ја обезбедуваат Фондот „Џ. М. Каплан“ („J“. M. „Kaplan Fund“) и „Ancient Rome Live“.
Според НУ Стоби, со оваа кампања конзервацијата на архитектонските остатоци на Теодосијанската палата се приближува кон целосна реализација. Продолжување на работите се очекува во пролетта 2027 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.