Хачинсон направил магнетна резонанца во Германија, а по враќањето во САД треба да помине дополнителни испитувања. Според изворите на Рапопорт, можно е да има и други оштетувања на коленото, со загриженост за состојбата на менискусот.
Повредата се случи во првата четвртина од победата на Детроит над Њу Ингланд пејтриотс со 35-10. При првиот напад на Пејтриотс, Хачинсон го собори квотербекот Дрејк Меј, а потоа скокна за да прослави. При доскокот падна на земја и веднаш се фати за десното колено.
Извесно време остана на теренот, по што успеа да оди до медицинскиот шатор за преглед. Потоа со тешкотии замина во соблекувалната и не се врати во игра. По натпреварот го напушти стадионот со патерици.
При соборувањето се повреди и Меј, кој исто така не го доигра натпреварот поради повреда на скочниот зглоб. Извори за ЕСПН изјавиле дека Пејтриотс стравуваат од скршеница, поради која и нивниот квотербек би можел да го пропушти остатокот од сезоната.
Хачинсон, кој двапати бил избран за Про боул, е втор во тимот на Детроит со шест соборувања на противнички квотербек сезонава. Има вкупно 49 вакви соборувања откако Лајонс го избраа како втор пик на драфтот во 2022 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.