За средното образование е предложен раст на средствата од 7,1%, а се зголемуваат и средствата за регионалните центри за стручно образование и обука. Според Тушевска, вложувањата во овие центри се особено важни за образовниот систем да одговара на потребите на современата економија и пазарот на трудот.
Продолжуваат изградбата и реконструкцијата на училишта, реконструкцијата на студентски домови и изградбата на нови градинки и спортски сали, со цел подобрување на условите за учење. Тушевска нагласи дека овие инвестиции веќе се реализираат, а не остануваат само најави.
За Министерството за здравство, според Тушевска, се предвидени „8,127 милиони денари“, што претставува зголемување од 5,2% во однос на последниот буџетски план за 2026 година. Посебно внимание е насочено кон лекувањето на ретките болести и превентивните здравствени програми.
Според неа, овие области непосредно влијаат врз квалитетот на здравствената заштита и животот на граѓаните, а за подобри услови, поквалитетни услуги, поголема достапност и повеќе резултати од здравствениот систем се потребни континуирани вложувања и системски реформи.
Капиталните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 40,822 милијарди денари. Според Тушевска, инфраструктурата, земјоделието и развојот на општините заслужуваат посебно внимание, а планираните средства треба да придонесат за реализација на проекти со долгорочна вредност за државата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.