Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

81 шумски полицаец и еден заменик-командир завршија шестмесечна обука

Фотографија од настанот · Борче Серафимовски
Фотографија од настанот · Борче Серафимовски
  • Шестмесечна обука завршија 81 шумски полицаец и еден заменик-командир.
  • Серафимовски најави поинтензивни акции против бесправната сеча на дрва.

81 нов шумски полицаец и еден заменик-командир завршија шестмесечна обука и денеска добија уверенија, со што се зајакнуваат човечките капацитети на Шумската полиција за спречување на криминалот што ги загрозува шумите.

На почетокот на грејната сезона ќе се интензивираат акциите против бесправната сеча на дрва, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. Тој рече дека во овој период очекува поголем притисок врз шумите.

Серафимовски им ги врачи уверенијата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На новите шумски полицајци им изрази поддршка за доследна и непристрасна примена на законските овластувања со кои се стекнаа денеска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.