Таневски е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година. Клубот е платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка и ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава во изминатите тринаесет години.
Сесијата ја отвори Билјана Давидовска-Стојанова, директорка на Дирекцијата за монетарната политика и истражување. Таа истакна дека интеграцијата на берзите не треба да се гледа само како реформа за развој на финансискиот пазар, туку и како дел од пошироката макрофинансиска инфраструктура преку која монетарната политика влијае врз економијата.
Според Давидовска-Стојанова, поинтегрираните пазари можат да овозможат побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали кон финансиските услови и реалната економија, а берзанската интеграција е потенцијално важен канал за поефикасно функционирање на монетарната политика. Таа нагласи дека консолидацијата на пазарите сама по себе не е доволна и дека придобивките зависат од квалитетно управување, заштита на инвеститорите и усогласена регулаторна рамка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.