На средбата била потврдена заложбата за натамошно унапредување на соработката меѓу македонската полиција и Европол, особено во оперативната работа и размената на информации значајни за спречување и сузбивање на криминалот.
Разговорите ги опфатиле можностите за дополнителни заеднички активности против организираниот и транснационалниот криминал, компјутерскиот криминал и недозволената трговија со дрога. За зајакнување на капацитетите биле посочени заеднички обуки, проекти и размена на експертски знаења.
Јанев и Ебнер разговарале и за современите безбедносни предизвици и потребата од континуирано унапредување на полициската соработка, со цел поефикасно спротивставување на криминалните закани со транснационален карактер.
МВР ја претстави средбата како продолжување на активната соработка со Европол и потврда на определбата за натамошно јакнење на оперативните партнерства и размената на информации во интерес на безбедноста на граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.