Програмата опфати две панел-дискусии. Првата се однесуваше на улогата на нотаријатот во обезбедувањето правна сигурност, особено на превентивната правна заштита при прометот со недвижности и во работењето на трговските друштва. На вториот панел, покрај искуствата со дигитализацијата и комуникацијата со регистрите, се разгледуваа и современите предизвици при вршењето на јавните овластувања на нотарите.
Нотарската комора ја претставуваа нотар Артан Раховица, потпретседател на Комората, и нотар Башким Елези, член на Дисциплинскиот совет. Тие разменија искуства со колеги од регионот и Германија за прашања од заеднички интерес за развојот на нотарската служба.
Конференцијата „Современиот нотаријат – правна сигурност, дигитализација и интегритет на правниот промет“ ја организираа Нотарската комора на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Федералното министерство за правда, Сојузната нотарска комора на Германија и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.