Малеш има осум одиграни средби и гол-разлика 15:8. Непосредно пред него е Овче Поле, исто така со 15 бода, но со подобра гол-разлика. Каменица Саса, Победа Валандово и Академија Огражден имаат по 19 бода.
Во другите натпревари од колото, Овче Поле ја победи Слога 1934 со 4:1, а со истиот резултат Каменица Саса го совлада Хоризонт Турново. Победа Валандово и Дојранско Езеро одиграа 1:1, додека Брегалница 1926 загуби дома од Академија Огражден со 2:3.
На листата на стрелци, Тони Мичковски има седум гола, колку што постигнале и Марио Атанасовски и Филип Спендјарски. Води Тоше Манов со 11 погодоци.
Во следното коло, закажано за недела, 22 ноември, во 13:30 часот, Малеш ќе гостува кај Слога 1934. Другите двојки се Дојранско Езеро – Брегалница 1926, Хоризонт Турново – Победа Валандово, Карбинци – Каменица Саса и Ударник – Овче Поле.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.